Училишта во неколку американски држави евакуирани поради закани за бомби

Неколку училишта во САД се евакуирани поради закани за поставени бомби, јавија американски медиуми.

Според телевизијата Би-Ен-О њуз евакуација е извршена во повеќе училишта во државите Колорадо, Ајова, Јута, Монтана и Конектикат.

Некои училишта во Калифорнија и Њујорк биле затворени.