Пешевски: Компаниите да се пријават за проектот „Учиме од бизнис заедницата“

Компаниите да се пријават за проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Во повеќе печатени медиуми и на својата веб-страница Владата утре ќе го објави јавниот повик за петтиот циклус на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Како што најави најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, повикот ќе биде отворен до крајот на декември годинава.

Проектот „Учиме од бизнис заедницата“ се покажа како исклучително успешна алатка за подобрување на соработката помеѓу Владата и приватните компании, како и за унапредување на деловното опкружување во Република Македонија. Ги охрабрувам и повикувам сите компании независно во кој град се лоцирани да се пријават на јавниот повик и да придонесат секоја на свој начин за подобрувањето на бизнис климата, рече Пешевски на денешната прес-конференцијa, пренесува МИА.

Тој појасни…