Пешевски: Компаниите да се пријават за проектот „Учиме од бизнис заедницата“

Тој појасни дека образецот за пријавување на компаниите ќе биде достапен на веб-страницата на Владата, како и на веб-страницата на вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори.

По затворањето на јавниот повик на почетокот на 2016 година Владата ќе оформи тимови од обучени професионалци од повеќе државни институции кои по утврдувањето на динамиката во акцискиот план ќе извршат посети во сите пријавени компании и непосредно ќе ги слушнат предизвиците со кои тие се соочуваат, како и предлозите кои сметаат дека би можеле да придонесат за подобрување на бизнис климата во земјата, рече Пешевски.