Удавената девојка во Вардар била бремена

Полицијата го утврди идентитетот на 21 годишната девојка која утрово беше пронајдена мртва во водите на Вардар покрај тетовското село Сараќино. Се работи за Сабина А. од истото село која ја пронашол нејзиниот 22-годишен сопруг З.А. и други роднини.

Тие утринава го пронашле нејзиното безживотно тело, по што случајот го пријавиле во полиција, а јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле извршиле комплетен увид и го фотодокументирале случајот.

Како што неофицијално дознава Курир, починатата девојка во брак стапила пред пет месеци, а била и бремена. Според првичните непотврдени информации на нејзиното тело немало траги на насилство.