четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 4

УЕФА ја казни Хрватска

Се шпекулираше дека УЕФА казната ќе ја објави денес, на денот на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија, но одлуката беше соопштена вчера.

hrvatska-navivaci-640x483

Последни вести

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација УЕФА го казни Хрватскиот фудбалски сојуз со 100.000 евра и забрана за продажба на влезници а натпревари на лица кои се наоѓаат на пописот на хулиганите.

Се шпекулираше дека УЕФА казната ќе ја објави денес, на денот на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија, но одлуката беше соопштена вчера.

На натпреварот против Чешка, хрватските хулигани во 85 минута предизвикаа прекин на натпреварот фрлајќи факели на теренот, а потоа се случија и тепачки. УЕФА покрена постапка против ХФС поради четири прекршоци, пиротехника, фрлање разни предмети на теренот, дивеење на навивачите  на трибините и расизам.

Хрватскиот фудбалски сојуз само во последните пет години платил над 500.000 евра поради разни казни.

Најчитани вести