УЕФА ја промовираше топката со која ќе се игра финалето од ЛШ

Топката со која ќе се игра финалниот натпревар од Лигата на шампионите денеска беше презентиран од страна на УЕФА.

Инаку, по зимската пауза, Лигата на шампионите од утре повторно ќе биде актуелна, започнуваат елиминационите средби.

Како увертира во осминафиналните натпревари, УЕФА денеска ја претстави официјалната топка на Адидас со која ќе се одигра финалниот натпревар во Милано на 28. мај.

Новите возбудувања од ЛШ започнуваат утре со дуелите Бенфика – Зенит и Челси – ПСЖ.