Спорт

УЕФА ќе го испитува случајот во Белград

УЕФА ќе го испитува случајот во Белград

Навивачите на Партизан на синоќешниот меч против Тотенхем, во рамките од првото коло од Лига Европа, истакнаа транспарент со антисемитска парола поради кој клубот од Белград би можел да добие голема казна од УЕФА.

Дуелот помеѓу Партизан и Тотенхем заврши без голови, но добриот впечаток кој играчите на српскиот тим го оставија на теренот, го расипаа нивните навивачи со антисемитски транспарент на кој пишуваше “Only Jews and Pussies“.

Фановите на „црно-белите“ на овој начин алудираа на тоа дека лондонскиот тим има голем број навивачи Евреи.

Транспаренот е направен во стилот на логото на популарна серијата “Сплетки“ која во Англија носи наслов “Only Fools and Horses“.

Останува да се види каква ќе биде казната од УЕФА за Партизан поради овој транспарент на навивачите.