УЕФА ќе решава за исходот од натпреварот помеѓу Србија и Албанија

Запрашан каква ќе биде одлуката во врска со мечот меѓу Србија и Албанија, делегатот Хари Бин изјави дека сега се е во рацете на Дисциплинската комисија на УЕФА, која ќе ја донесе конечната одлука за казните против двете селекции.

– Нема да должам многу. Натпреварот е прекинат, а околностите беа такви мечот да не може да продолжи. Тоа го видовте и самите. Видовте што се случи. Не можеме никого да обвиниме, ниту да донесеме некако суд, кој е крив, а кој не, одлуката ќе ја донесе Дисциплинската комисија. По се што се случи, јас ќе го пратам извештајот во европската куќа на фудбалот, во чии раце ќе бидат сите понатамошни одлуки – изјави Бин.

Иако Бин даде дозвола натпреварот да продолжи, албанските фудбалери не сакаа да излезат на теренот, а кратко по прекинот целокупната репрезентација на нашиот западен сосед веќе беше на аеродром.