Спорт

УЕФА со истрага против Монако

УЕФА со истрага против Монако

Откако покрена истраги за кршење на финансискиот фер-плеј против Ливерпул и Интер, УЕФА почна истрага и против Монако.

Информацијата за покренување на истрагата ја потврди и клубот од Кнежеството.

Според информациите Монако е еден од седумте клубови кои забележале дефицит и изнесува 45 милиони евра, за периодот од 2011-та до 2014-та година. Сепак, екипата која се натпреварува во француската лига во голема мера ги намалила расходите ова лето, најмногу поради разводот на сопственикот Дмитри Риболовљев, што претставува почетен резултат на правилата за финансиски фер-плеј.

-По објавувањето на истрагата на УЕФА за финансиски фер-плеј, меѓу оние чиј дефицит е над дозволеното се најде и Монако. Клубот сака да појасни дека ова е нормално и дека ги предвиде ваквите мерки. Тоа уште еднаш ја потврдува промената на инвестициската стратегија на клубот, со цел да одговориме на стандардите кои ги бара финансискиот фер-плеј. Монако ќе достави дополнителни информации и ќе ги почитува правилата, се вели во соопштението.

Поради прекршувањето на овие правила, ПСЖ мораше да го намали бројот на пријавени фудбалери за ЛШ на 21 играч.