УЕФА: Уште еден инцидент и ќе ја исфрлиме Русија!

Фудбалската репрезентација ан Русија доби последна опомена пред исклучување од Европското Првенство поради дивеењето на навивачите.

Русите од УЕФА добија т.н. „суспендирана дисквалификација“ што ќе биде активирано ако се повторат било какви инциденти.

Предупредувањето на УЕФА пристигна само неколку часа откако од Кремљ беше најавено дека сите спортски функционери и Сојузи мораат да вложат максимален напор за навивачите на Русија да не прават инциденти на ЕП 2016.

Навивачите на Русија учествуваа во голем број инциденти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија. Јавноста беше сведок на грозоморни сцени на насилство, а Франција одлучи да ги депортира уапсените лица.

Инаку Русија го игра наредниот меч во среда во 15 часот во Лил против Словачка.