Уганда: Тренер силувал малолетни атлетичарки

Тренерот на женската атлетска репрезентација на Уганда, Питер Вемали, е приведен поради основано сомнение дека во периодот од 2013 до 2014 година силувал три малолетни атлетичарки.

Вемали е осомничен за силување на три девојки на возраст од 15, 16 и 17 години.

Скандалот избил кога за обвиненијата на младите девојки во јавност прозборел и Мозес Кипсиро, атлетичар од Уганда.

Дел од локалните медиуми пренесоа дека Вемали ги терал младите атлетичарки да забременат за да имаат подобри резултати, а потоа ги присилувал да абортираат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.