Уганда: За хомосексуалците доживотен затвор

Парламентот на Уганда го усвои нацрт-законот за доживотна казна за хомосексуалците.

Нацрт-законот предвидува казна затвор ако и едно лице  не ги пријави хомосексуалците на полицијата, пренесе  Би-Би-Си.

Лидери од целиот свет го критикуваа  новиот закон за хомосексуалноста, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, додека некои донатори рекоа дека е можно да ја откажат својота помош за  Уганда бидејќи таму не се почитуваат правата на геј луѓето.

За да стапи законот во сила треба да го потпише претседателот Џофери Мусевени.