УХМР: Циклон од Медитеранот носи невреме

Циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме, предупредуваат од УХМР.

Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.

Денеска попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.

Потоа, во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Температурите ќе се движат од 24 до 35 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачи до 29 степен.