УХМР најави промена на времето

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла особено во претпладневните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

В недела попладне најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места.

Врнежи од дожд и снег ќе има и в понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветар кој ќе предизвика пад на темпартурите