УХМР најавува пороен дожд за денес, можна појава на град

Денеска во западните делови ќе биде променливо облачно со повремеи врнежи од дожд, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Локално процесите ќе бидат и поинтензивни, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слба до умерен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужната половина од земјава, каде локално повторно ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота.

Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.

Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во неделна моќен е слаб дожд.