недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 33

УХМР предупредува на можна појава на невреме со град и засилен ветер

Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 Целзиусови степени.

gromudar

Поврзани вести

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме, особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник.

Од УХМР најавуват дека е можна и појава на невреме со град и со засилен ветер и силни електрични празнења. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 Целзиусови степени.

Препоарачуваат во случај на невреме и насилни електрични празнења да не се престојува на отворен простор, стадата животни да се раздвојуваат на помали групи, на отворен простор да не се разговара на мобилен телефон, да не се носат метални предмети, а најдобра позиција при силни електрични празнења се свиткување на телото или лежечка позиција.

Најчитани вести