понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 65

УХМР предупредува: Во следните 24 часа можни се поплави

Новите врнежи кои се очекуваат во текот на следните 24 часа ќе ги зголемат водните количини во реките и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

dozd

Последни вести

Врнежите кои паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостоите на водотеците во државата. Новите врнежи кои се очекуваат во текот на следните 24 часа ќе ги зголемат водните количини во реките и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогностичките модели особена внимателност треба да се посвети во сливот на реката Црн Дрим, Радика, горните текови на реките Вардар, Треска, Црна Река и нивните притоки и суводолици. Во сливните подрачја на Радика и Црн Дрим на делови од помалите водотеци при појава на поројни врнежи, можни се локални излевања.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и одрони.

Најчитани вести