УХМР: Се зголемуваат водостоите на реките

ухмр

Од Управата предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Според УХМР, нивото на водостојот на Вардар е зголемено на сите мерни точки во споредба со просечното ниво за февруари, а најмногу кај Скопје. Најголемо зголемување на водостојот има реките Треска и Црна Река, а намалување на нивото во однос на вообичаеното единствено има Црни Дрим и тоа за повеќе од  еден метар.