Македонија

УХМР: Топењето на снегот може да предизвика штети кај лозјето, овошките и есенските посеви

УХМР: Топењето на снегот може да предизвика штети кај лозјето, овошките и есенските посеви

Според агрометеорлозите, наглото топење на снегот може да предизвика и формирање поголеми површини покриени со вода во депресиите што е непријатно за есенските посеви доколку се појават зимски мразеви без присуство на снежна покривка.

Порастот на температурите и топењето на снегот ја зголеми влагата во почвата која подолг период се одржуваше во замрзната состојба и малку беше достапна за растенијата, а ќе биде повеќе од потребна во пролетниот период при обновување на вегетацијата. Во наредниот период очекуваните температури на воздухот со вредности околу 10 степени ќе овозможат нормално презимување и кратка релаксација од претрпените шокови во изминатиот период, оценува УХМР.

Позитивните утрински температури или температурите блиски до нулата, како што наведува УХМР, барем до средината на наредната седница нема да дозволат погоелми варирања што е погодно за земјоделските култури.