УХМР: Вечерва невреме во источните делови од земјава

Струмичката котлина, Делчево, Берово  и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците со кои располага Одделението за анализа и прогноза на време  и радарските слики од радарскиот центар Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.