УЈП: 26 отсто од контролираните фирми не издават фискални

Управата за јавни приходи од почетокот на годината има спроведено 3.982 даночни контроли за фискализацијата. Кај 26 проценти од контролираните фирми утврдено е дека не го регистрираат готовинскиот промет во целост, односно не издавале фискални сметки.

Во зависност од утврдените неправилности, УЈП има изречено мерки времена забрана за вршење на дејност, а висината на глобата се движи од 750 до 3250 евра, во зависност од тоа дали станува збор за правно лице или физичко лице.

Од 4 до 12 ноември, од 150 контролирани објекти, во 58 Управата за јавни приходи утврди неправилности во делот на фискализацијата.

Контролите се спроведуваат на целата територија на Македонија и се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, не се почитува работното време и не се регистрира готовинскиот промет.