УЈП и Царина ќе имаат слободен пристап до банкарските сметки

Со новите промени во Законот за банки УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Од друга страна, Царинската управа ќе има увид во истите податоци само со поднесување на писмено барање до комерцијалните банки.

Новите измени ќе овозможат Царина да врши присилна наплата на царинските давачки, а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

Од 2019-та УЈП ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник, а за поедноставување на постапката потребните податоци за остварените приходи ќе ги добива без поднесување на поединечно барање.

Царинската управа има потреба од податоци за трансакциска сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Од Министерството за финансии велат дека со новите измени се засегнати банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и истите ќе имаат шанса да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии.