УЈП има милионски долгови и нема имотен лист за дирекцијата

Финансиските извештаи на Управата за јвни приходи, изготвени од Државниот завод за ревизија, покажуваат фрапантни податоци, особено поради фактот што УЈП будно ги следи финансиските нерагуларности на компаниите, а од друг страна, според ДЗР, покажува елементарно непочитување на законските регулативи кога се однесува за нејзиното финасиско работење.

Според финансискиот извештај на ДЗС, за 2016 година, УЈП преземала нецелосни активности во финансиското управување. Имено, внатрешната ревизија покажува дека Управата имала неплатени обврски од околу 115 милиони денари, од кои дури 65 отсто не се платени во дозволениот рок од 60 дена, иако во моментот е констатирано дека УЈП има неискористени средства на својата сметка од околу 152 милиони денари, односно можела без никаов проблем да си ги плати своите долгови.

Исто така, државната ревизија утврдила дека средства од наплатени даноци, освен за осовременување на работата на УЈП, се користеле за исплата на комунални услуги, греење, транспорт…

Извештајот покажува и непочитување на постапките за јавни набавки, односно без јавна набавка се набавуван стоки и услуги. А, исто така одлуки за избор за најповолни понудувачи не се донесени во законски утврден рок.

Во конечниот извештај на овластениот државен ревизор констатирано е, исто така, дека УЈП не изработила сметководствена евиденција и завршна сметка за сите депозиторски и донаторки сметки со кои располагала во 2016 година.

Управата за јавни приходи не располагаа со имотен лист за објектот во кој е сместена генералната дирекција, утврдиле ревизорите.

Со одлука на Владата на УЈП и се доделени на трајно користење објекти во Битола и Прилеп, за кои пак не е направена проценка и нивно сметководствено евидентирање. Овие објекти, се евидентирани во материјлната евиденција на УЈП со вредност нула.

Недоследностите констаирани во овој финансиски извештај, се наведува дека се одговорност на раководството, одосно:

  • Кирил Моноски, кој бил директор од 10.11.2015 до 30.06.2016 година
  • Петар Есмеров, директор од 30.06.2016 до 20.07. 2016 година
  • Анастасија Илиеска, директорка од 20.07 2016 до 16.06.2017 година

Пропусти има и во документацијата со запленетите движнини, односно, нема целосна сметководствена евиденција на запленетиот имот, нема попис на запленетиот имот заклучно со 31.12. 2016 година.