УЈП ја објави првата листа на должници

Управата за јавни приход (УЈП) на својата веб страна ја објави првата листа на должници. На оваа листа се најдоа фирми и физички лица и самостојни вршители на дејност чии долгови изнесуваат над 120 илјади денари за физички лица и над 300 илјади денари за фирми.

Листата е составена од граѓани кои на државата и должат по основ на неплатено ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, царини и акцизи.

Од УЈП додаваат дека оваа листа на должници ќе ја објавуваат еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти. На листата ќе бидат објавени само имињата на лицата кои должат, а не и на оние кои навремено ги плаќаат своите обврски.