УЈП опоменува 31.660 фирми и 100 илјади граѓани за неплатена Радидифузна такса

Поради неплатен долг за Радиодифузна такса, Управата за јавни приходи отпочна со подготовка и дистрибуција на Опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање. За 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност) доставени се опомени поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.
Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.

Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот.
Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови.

Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.

„За повеќе информации во врска со начинот на плаќање на радиодифузна такса, постапката за вадење на дупликат на решение за РДТ, посетете ја нашата веб страница (кликни тука) или обратете се во Инфо центарот 0800 33 000.
За исправка/ажурирање на адресни и матични податоци на обврзникот на РДТ (пр. доколку сте нов сопственик, сте добиле две решенија за радиодифузна такса, решенито гласи на починато лице или пак воопшто не сте добиле решение), Ве молиме обратете се до ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) на следните контакт телефони: 02/5514 422, 02/5514 423 или 02/5514 424.“ велат од УЈП.