Македонија,Економија

УЈП со почести контроли врз кафанџиите за време на Мундијалот во Бразил

УЈП со почести контроли врз кафанџиите за време на Мундијалот во Бразил

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет.

Со цел превентивно делување, од УЈП апелираат кафанџиите редовно да им издаваат фискални сметки на потрошувачите. Даночниците од вчера отпочнаа со засилени контроли во Гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекти во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3250 евра во денарска противвредност.

Од УЈП додаваат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од нивните екипи, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.