УЈП со продолжено работно време од 1 јануари

Од 1 јануари 2015 година, сите даночни одделенија на УЈП (Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

-Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од УЈП.

Продолженото работно време за регионалните дирекции на Управата за јавни приходи во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1 октомври 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.