УЈП: Во Битола оштетуваат возила на УЈП, но не издаваат фискални сметки

Во текот на вчерашниот ден 12 тима на даночни инспектори извршија акциска контрола во над 50 објекти на подрачјето на Битола и Прилеп. На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ од 69.000 евра во денарска противвредност, а во зависност од прекршокот објектите се затворени на 15 или 30 дена.

При контролите во Битола откриено е едно лице кое нерегистрирано врши дејност – трговија на мало со прехрамбени производи, а за два објекти изречена е мерка затворање од 30 дена поради непоседување на фискален апарат, и тоа: ДРАГОНАЈ (сервис за компјутери) и МЕБЕЛ Т СТИЛ ДООЕЛ.

По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок.

Според УЈП ова било потврдено и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки констатирани во 10 објекти.

Овие објекти ќе бидат затворени 15 дена, и тоа: ЉУПЧО 5 ДООЕЛ БИТОЛА (санитарија), АНГРОМАРКЕТИНГ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ЕМПЛАСТ ДООЕЛ (стовариште), САВОЗ КОМПАНИ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВАГО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВИН МАР 14 (трговија со врати ПВЦ дограма), ВАМ КО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), СПЕРА ЕТ АМАРЕ ДООЕЛ (сендвичара).

Во вечерните часови, даночните контроли се прошириле на подрачјето на Прилеп.

Во сите контролирани објекти во кои се вршело трговија со прехранбени производи, УЈП има утврдено неиздавање на фискални сметки, поради што покрај паричната глоба, во период од 15 дена ќе бидат затворени деловните простории на: БОС ТОРО ДООЕЛ, И.М.КОМЕРЦ ДООЕЛ, АН ПЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЕСКЕЈП ДООЕЛ, РАДИЧОСКИ КОМПАНИ ДООЕЛ, НОВА ПРОМЕТ ДООЕЛ, МАРВАЛ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЏУЛИЈАНО ПРОМЕТ ДООЕЛ, како и СПЛЕНДИДО ВМ ДООЕЛ (сендвичара), ЧАПКУН КОМЕРЦ ДООЕЛ (бела техника), ДРАГА ДООЕЛ (цвеќара) и ДАБОЛ ИН (колонијал).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.