УЈП затвори единаесет златарници во Куманово

СВР Куманово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат завчера спровела акциска контрола во дваесет и пет златарски дуќани лоцирани во централното подрачје на Куманово.

Притоа поради констатирани неправилности во работењето по однос на неиздавање фискални сметки, немање на соодветни документи за работа, небаждарени ваги и други неправилности од страна на УЈП затворени се единаесет објекти во траење од петнаесет до триесет дена. Исто така изречени се глоби во износ од 15.700 евра, додека од страна на ДПИ изречени се глоби во вкупен износ од 4.600 евра. Од страна на полициските службеници во два објекти се пронајдени златни предмети кои потекнуваат од кражби и истите се одземени од сопствениците.