УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување

УЈП ги повикува земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување.

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, граѓаните имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.

Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги, информираат од УЈП.

Барањата за паушално оданочување се поднесуваат најдоцна до 31-ви јануари 2016 година на шалтерите на УЈП. За потребната документација и даночните поволности повеќе на следниот линк.