УКИМ формира работна група за дебата за подобрување на високото образование

Формирана е работна група во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“која треба да учествува во дебатата за подобрување на пакетот реформи за подобрување на високото образование.

– Во врска со состанокот одржан на 6 февруари 2015 година, постигнатиот договор, како и Законите за изменување на Законот за високото образование и Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, донесени на 36. седница на Собранието на Република Македонија на 11 февруари 2015 година, Ве известувам дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формираше координативна работна група и истовремено Ве молам да закажете заеднички состанок, се вели во писмото од Ректоратот на УКИМ испратено до министерот за образование Абдилаќим Адеми, ишува Република.

По формирањето на работните групи треба да започне дебатата за подобрување на високото образование.

Инаку, последните измени на законот беа одложени за една година, односно дел од нив за две години. Предлог – законот, со кој се одложи примената на последните измени, беа усвоени на вчерашната собраниска седница, а уследија по постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6 февруари меѓу претставниците на Владата и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.