УКИМ ќе додели 240 стипендии во учебната 2016/2017 година

Скопскиот Универзитет седма година по ред во учебната 2016/2017 ќе додели 240 стипендии на најдобро рангираните кандидати при уписот во прв циклус студии.

Одлуката ја донесе Универзитетскиот сенат на 39. седница одржана на 28 април оваа година.

Според одлуката на секој факултет на најдобро рангираните 10 кандидати на конечните ранг-листи на примени кандидати во категоријата редовни студенти на прв циклус студии, ќе им се додели едногодишна стипенција.

Од УКИМ информираат дека Факултетите се подготвуваат за новата генерација студенти и очекуваат кандидатите да го направат вистинскиот избор и да го продолжат образованието на една од понудените студиски програми.