Македонија

УКИМ одбележува 66 години од основањето

УКИМ одбележува 66 години од основањето

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска одбележува 66 години од основањето.

Во Универзитетскиот кампус ќе се одржи молебен и ќе биде положено цвеќе на споменикот на  Кирил и Методиј, по што во ректоратот на УКИМ каде ќе бидат доделени плакета на Универзитетот, награда „Св. Кирил и Методиј“ и титула „почесен доктор“.

По повод одбележувањето 66 години од основањето на УКИМ во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија.