Македонија

УКИМ прифаќа средба за високото образование на 10 февруари

УКИМ прифаќа средба за високото образование на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ прифаќа расправата за високото образование да биде на 10 февруари, како што вчера предложи Министерството за образование одговарајќи на иницијативата на Сенатот на УКИМ во најкус можен рок да се организира сеопфатна расправа од која би произлегол нов закон за виското образование.

– Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени, пишува во дописот потпишан од ректорот Велимир Стојковски до министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.