Укинат данокот за недвижности во Словенија

Уставниот суд на Словенија го поништил законот за новиот данок на ндвижности, бидејќи не е во склад со словенскиот Устав.

Законот стапил на сила на почетокот на годинава, поради сузбивање на дефицитот и стабилизирање на пропаднатите јавни финансии на оваа членка на еврозоната.

Судот соопштил дека овој закон не е во согласност со словенскиот Устав, и наредил на властите да ги следат претходните прописи, се’ додека новиот данок на недвижности не се усвои, пренесува Франс прес.

Словенската влада во ноември го усвоила овој закон, со надеж дека ќе ги зголеми буџетските приходи за 400 милиони евра и ќе ја ибрзаат стабилизацијата на јавните финансии. До тој момент, Словенија не плаќала данок за недвижности.

Противниците на тој закон тврдат дека данокот од 0,15 до 0,75 отсто на вредноста на недвижностите, донесен е пребрзо и дека со тоа товарот на кризата е ставен на грбот на даночните обврзници и земјоделците.