Укинат договорот за Црноморската флота

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон за престанок на важност на четири договори за Црноморската флота, соопшти прес службата на Кремљ.

„Овој федерален закон стапува на сила од денот на неговото официјално објавување“, стои во документот кој што го пренесува „Итар тасс“.

Станува збор за прекин на важност на Договорот меѓу Русија и Украина за поделба на Црноморската флота од 28-ми мај 1997-ма година. Станува збор за договорот околу условите за влез и престој на руската Црноморска флота на територијата на Украина и Договор за взаемни плаќања поврзани со влез на руската Црноморска флота на територијата на Украина.

Рускиот претседател на 28-ми март до Думата го упати на разгледување нацрт законот за ставање вон сил на овие договори и долниот дом едногласно го усвои на 31-ви март, а Советот на Федерацијата го одобри на први април.