Укинат притворот за две лица осомничени во случајот „Транспортер“ на СЈО

Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска донесе одлука со која жалбите на одбраната на обвинетите С.М. и А.Ш против решението на судија на претходна постапка за определување мерка притвор се уважуваат и решението на судијата се преиначува така што се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање патна исправа, обврска на осомничените да се јавувааат во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напуштат живеалиштето односно престојувалиштето.

Втората одлуката, како што стои во соопштението, се однесува на жалбите на Обвинителството против решението на судијата на претходна постапка кои се одбиваат и се потврдува решението на судијата со кое на лицата В.Д. и А.А. им се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање патна исправа, обврска на осомничените да се јавуваат во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето односно престојувалиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.