Укината вонредната состојба во Фергусон

Укината вонредната состојба во Фергусон
Укината вонредната состојба во Фергусон

Укината вонредната состојба во американскиот град Фергусон,  по поминати три мирни ноќи, објави МИА.

Силите на редот го вратија мирот и не дозволија никакви акти на насилство во Фергусон, посочи претставникот на округот Сент Луис, Стив Стенгер, во коминике, со кое го прогласи и укинувањето на вонредната состојба во градот.

За престрелката што беше регистрирана по избувнувањето на демонстрациите е обвинето 18-годишно момче, кое е тешко рането од полицајци,
За престрелката што беше регистрирана по избувнувањето на демонстрациите е обвинето 18-годишно момче, кое е тешко рането од полицајци

Вонредната состојба во Фергусон беше воведена откако мирните демонстрации во неделата, по повод годишнината од смртта на убиеното црно момче Мајкл Браун од истрел на бел полицаец, прераснаа во насилство.

За престрелката што беше регистрирана по избувнувањето на демонстрациите е обвинето 18-годишно момче, кое е тешко рането од полицајци, кои возвратиле на неговите истрели.

Во понеделникот во текот на ноќта во градот имаше нови насилни појави кои доведоа до неколку апсења, но трите следни ноќи беа мирни, забележуваат локалните власти.

 

Прочитајте повеќе:

Како Сорос со 33 милиони долари ги поттикнувал нередите во Фергусон?