Укината забраната за автомобили на патот Струга – Ќафасан

Сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 8 часот и 30 минути е затворен само за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради остатоци од снег на коловозите и понатаму важат забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.