Укината забраната за камиони на Ѓавато

Во 12:35 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Претходно укинати се забраните за камиони и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, на планинските превои Плетвар и Стража, на магистралениот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце, како и на патниот правец Валандово-Дојран.

Забрана за камиони се уште има на планискиот премин Маврово.