Укината забраната за камиони на патот Струга – Ќафасан

Укината забраната за камиони на на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Забраната за движење на тешки товарни возила на овој патен правец е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир во 09:15 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка и крак Маврово – Дебар.

Забрана за движење на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.