четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Укината забраната за камиони на Плетвар

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.

112256159

Последни вести

Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.

Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

На  патниот правец Маврово – Дебар се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

Најчитани вести