Укината забраната за камиони на преминот Стража

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината од 09:30 часот изутринава, информира диспечерскиотинформативен центар на ЈП „Македонија пат“.

Претходно беше укината забраната на превојот Ѓавато, а се уште не дозвлено движење на камиони на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка. Поради магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена од 30 до 40 метри

Поради отстранување одрони во близина на село Истибање и натаму е во прекин сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица.