Укината забраната за камиони на Стража

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината во 10:00 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно укинати се забраните за камиони на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на планинскиот превој Плетвар.

Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, на патниот правец Валандово – Дојран, а од  осум часот утрово затворен за камиони е и магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце.