Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенција на нашите дежурни екипи.

Слаб снег паѓа на граничен премин Деве Баир, Смојмирово, Македноски Брод, Битола, Ресен, Маврово, Гевгелија и Удово, додека снег со среден интензитет паѓа на Буково, Ѓавато, Крушево и Плетвар. Забрана за тешки товарни возила има на  планискиот превој Ѓавато.

Во моментов е укината забраната за тешки товарни возила на патиот правец крак-Маврово-Дебар.

На патен правец Страцин – Крива Паланка поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради одрони и голема количина на камења на патниот правец  Кочани –  Македонска Каменица сообраќајот е во прекин. Сообраќајот се пренасочува преку патен правец Виница – Пехчево – Делчево.

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатна станица Сопот, поради потенцијален  одрон сообраќајот превентивно се одвива по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево-Тработивиште.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат работат на расчистување на одроните и оспособување на сите патни правци за нормално одвивање на сообраќајот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Од Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.