Македонија

Укинати два воза кои сообраќаат до и од Битола и Кичево

Укинати два воза кои сообраќаат до и од Битола и Кичево

Поради лошите временски услови и ниските температури од утре времено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево – Скопје, пренесува МИА.

Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, двата наведени воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.