Укинати притвори за Верушевска и Палифров

Укинат е притворот за Верушевска и Палифров. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција во скопскиот Кривичен суд му го укина притворот на петообвинетиот во случајот „Пуч“, Бранко Палфиров и куќниот притвор на третообвинетата Соња Верушевска.

Верушевска и Палифров понудиле гаранции во недвижен имот

Двајцата обвинети во случајот „Пуч“, понудиле гаранции во недвижен имот дека нема да бегаат и ќе присуствуваат на судскиот процес, а како превентиван мерка одземени им се и пасоштите.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите Бранко Палифров и Соња Верушевска, кои се дел од предметот КОК. Бр. 77/15, поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор односно мерката куќен притвор и замена на истата со друга мерка за обезбедување присуство за водење на кривична постапка. Воедно советот го прифати и предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за укинување на мерката притвор за двјацата обвинети и определување гаранција и мерки за претпазливост.Се определува гаранција за двајцата обвиени во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им се орпеделува мерка за претпазливост односно одземање на патните исправи за преминување на државната граница.По правосилноста на ова решение, се наложува на Агенцијата за катастар на недвижности да стави хипотека на недвижниот имот даден како гаранција, а по запишување на имотот,  двајцата обвинети да бидат пуштени да се бранат од слобода, стои во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Двајцата се осомничени во случајот „Пуч“

Верушевска и Палифров беа притворени на први февруари годинава
Верушевска и Палифров беа притворени на први февруари годинава

Верушевска и Палифров беа притворени на први февруари годинава, кога скопскиот Кривичен суд по распитот, им изрече триесетдневен притвор на двајцата осомничени во полициската акција „Пуч“.

Зоран Верушевски, кој претходно беше притворен, Зоран Заев, Соња Верушевска и Бранко Палфиров се осомничени од полицијата за обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта.

Соња Верушевска во куќен притвор

Ианку, сопругата на екс-разузнавачот Зоран Верушевски, Соња Верушевска, пред неколку дена доби замена на мерката притвор со куќен притвор.

Апелацискиот суд ја уважи жалбата и ја укина мерката притвор на Верушевска, сопругата на Зоран Верушевски, која е обвинета за шпионажа. Судот и одреди на Верушевска 30-дневен куќен притвор, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Скопскиот Апелациски суд доставил до Основниот суд решение со кое се прифаќа жалбата на Верушевска за укинување на мерката притвор, поднесена преку нејзиниот адвокат. Со тоа, според судското соопштение, се преиначува решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција од 29 јуни 2015 година.