Македонија

Украден 121 блокатор на ЈП Градски Паркинг од 2010

Украден 121 блокатор на ЈП Градски Паркинг од 2010

Несовесни граѓани украле 12 блокатори поставени на тркалата на непроприсно паркираните возила во првите седум месеци од 2014 – та година, велат од Градски паркинг – Скопје.

Oд 2010 година, кога е воведена оваа санкција за непрописно паркирање, до месец јули 2014 година украдени се вкупно 121 блокатор на тркало на ЈП „Градски паркинг“.

При користење паркинг-услуга на зонските паркиралишта секој корисник е должен да ја подмири услугата паркирање преку испраќање СМС порака или со греб картичка. Доколку не се изврши навремено плаќање за паркирањето, службите на јавното претпријатие спроведуваат санкција – се поставува блокатор на тркалото на возилото за чие отстранување е потребно да се изврши наплата на казната за непрописно и несовесно паркирање.

Од досегашното петгодишно искуство на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ е утврдено дека некои граѓани сакајќи да ја избегнат казната го заменуваат тркалото на кое што  е поставен блокаторот со друго и го напуштаат паркиралиштето.

Откако службите на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ ќе утврдат дека блокаторот е украден/одземен, случајот во рок од 8 часа се пријавува во полиција која потоа трага по сторителите, а се спроведува и соодветна постапка за наплата на казната и нанесената штета. Во одредени ситуации се спроведува и судска постапка.

ЈП „Градски паркинг- Скопје“ апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта.