Украден автомобил и предмети во вредност од пет илјади евра од кумановец

Вчера во 22,00 часот во Куманово на ул.„Максим Горки“бб, во куќата на И.Ш., кој бил на привремена рабта во Швајцарија, НН сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно го отворил прозорот од подрумската просторија на куќата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел клучеви од ПМВ„Пасат“, 2 телевизора и повеќе машини и алати во вредност од околу 307.000 денари, а потоа со ПМВ„Пасат“ го напуштил лице местото.

Од страна на УПС, ПМВ„Пасат“ е пронајдено во нас.Ченто-Скопје и истото учествувало во сообраќајна незгода, по што возачот го напуштил лице местото.СВР-Куманово преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.