Украден бисерниот фустан на оскаровката Нjонгo, вреден 150.000 долари

Фустанот во кој минатогодишната добитничка на Оскар, Лупита Нjонгo заблеска на црвениот тепих на 87-то доделување на наградите, е украден од нејзината хотелска соба.

Фустанот е креација на модната куќа Келвин Клајн, а за негова изработка биле неопходни дури 6000 топчиња бисери. Вредноста на овој фустан е 150.000 долари.

Како што кажала актерката за полицијата, фустанот исчезнал во вторникот во утринските часови помеѓу 8 и 9 часот. Во тој период Лупита не била во собата, а кога се вратила видела дека фустанот е украден.

1dresslupita

Претставникот на полицијата ја потврдил оваа информација.

-Можам да потврдам дека е исчезнат фустанот од хотелот Лондон, која и припаѓа на актерката Лупита Нјонго. Во моментов ги разгледуваме сите можност, а една од нив е дека чистачките ја оставиле отворена вратата на собата додека чистеле, што тоа го искористиле потенцијалните сторители, изјавил тој.

2dresslupita